x

Samsung Galaxy S10 серијата има 30% подобра продажба на еден европски маркет!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 16 Јуни, 2019 од GSM.mk

Samsung имаше мали проблеми со смартфон продажбата минатата година, но затоа оваа година постигна голем успех, особено на еден европски пазар..

За среќа, оваа година компанијата успеа да си го врати светскиот успех, особено во Холандија. За време на конференцијата, Samsung сподели дека продажбата на S10 серијата во Холандија надминала 100,000 единици за само три месеци. Оваа бројка дефинитивно не се споредува со успехот кој компанијата го има во други големи маркети, како Америка и Англија, но сепак е импресивен и брз успех. 

Поради оваа продажба, во Холандија биле купени 31% повеќе смартфони оваа година во споредба со 2018, кога брендот продаде "само" 69 000 S9 уреди за истиот период. Од трите модели, S10 Plus е најпопуларниот. Од него, дури 50% зафаќа Prism Black верзијата, додека 20% припаѓаат на Prism White. На трето место се најде Prism Green со 18%.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.