x

Samsung Galaxy S10 во црвена боја: Уредот кој наверојатно нема да го имате!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Февруари, 2019 од GSM.mk

Покрај интересниот дизајн, Galaxy S10 уредите ќе доаѓаат и во неколку интересни и уникатни бои - како на пример, црвена...

Најавена како Cinnabar Red, станува збор за црвена нијанса во која ќе доаѓа еден од S10 моделите. За жал, изгледа дека ќе биде достапна во мала и ограничена количина. Верзијата ќе биде достапна само во Кина и Јужна Кореја. На другите пазари, ќе бидат достапни други бои. 

Бидејќи сеуште не сме запознаени со изгледот на Galaxy S10+ и Galaxy S10e, поради недостатокот на фотографии од нив, најверојатно црвената боја ќе биде наменета само за обичниот S10 уред. Доколку е навистина така, S10 ќе биде достапен во две верзии - една со 6GB RAM/128GB меморија и друга со 8GB RAM/512GB меморија.

Покрај црвената, S10 серијата ќе биде достапна во црна, зелена и бела боја. Сега за сега, само овие бои се познати.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.