x

Samsung Galaxy S11 серијата ќе има големи промени кај батериите!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 09 Ноември, 2019 од GSM.mk

Пред неколку месеци Samsung сподели големи промени кај батериите кои директно влијаеа на S10 серијата, а сега слична е ситуацијата и со очекуваната S11 серија...

Споделено од GalaxyClub, пред неколку дена се појавија карактеристики на уред на Samsung со број на производ EB-BG980ABY. Една од најважните информации е капацитетот на батеријата. Поспецифично, поддржува капацитет од 14.36Wh и работи на 3.85 волти, што значи дека ќе има минимум капацитет од 3,730mAh и максимално до 4,000mAh - големо подобрување од минатите модели.

Како мало потсетување, S10e има батерија од 3,100mAh, но изгледа дека S11 серијата ваквиот резултат дефинитивно ќе го надмине. 

Samsung Galaxy S11 concept render - The Samsung Galaxy S11 series could introduce huge battery upgrades

И покрај големиот капацитет, S11 батериите ќе имаат неколку проблеми со кои ќе треба да се соочат. Еден од нив е 5G технологијата која ќе треба да ја поддржуваат. Другиот проблем ќе биде кај новата технологија со која ќе доаѓа дисплејот, слична како Fluid AMOLED панелот на OnePlus. 

Овогодинешниот S10+ има прилично голема батерија од 4100 mAh, но се верува дека S11+ ќе има значително поголема батерија која ќе биде од околу 5000 mAh. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.