x

Samsung Galaxy S8 Lite доаѓа на 22 мај под името Galaxy S Light Luxury!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Мај, 2018 од GSM.mk

Изгледа дека Galaxy S8 Lite нема да остане само гласина, бидејќи Samsung планира да го претстави уредот до крајот на денот..

Јужнокорејската компанија веќе има испратено покани за настанот, кои откриваат интересни информации кои досега не ни беа познати. Наводно, Galaxy S8 Lite ќе биде претставен под различно име, кое треба да ги убеди корисниците дека купуваат луксузен уред. Официјалното име на смартфонот ќе биде Galaxy S Light Luxury, а не Galaxy S8 Lite. 


Кај спецификациите, ништо не е променето. Сеуште станува збор за уред од средната класа, со 5.8 инчен FHD+ Infinity дисплеј и дизајн без рамки, исто како Galaxy S8. Во внатрешноста, се наоѓа Snapdragon 660, 4GB RAM и 64GB меморија. За жал, оваа верзија доаѓа само со една камера, од 16 мегапиксели, а за вашите селфиња ќе се погрижи предната камера од 8 мегапиксели. Samsung дури го има додадено и Bixby копчето и скенерот за отпечатоци од задната страна. Последно, ќе работи на батерија од 3,000 mAh. 

Како што рековме, официјално ќе биде претставен во Кина денес, а сеуште не знаеме дали ќе биде достапен и на други места. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.