x

Samsung Galaxy Tab A2 XL: Спецификации

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 01 Август, 2018 од GSM.mk

Иако Galaxy Tab A2 XL е таблет од средната класа во споредба со Galaxy Tab S4, уредите најверојатно ќе бидат исто популарни и со слична продажба. Сега за сега, не знаеме колку ќе чини, но ги знаеме неговите спецификации:

Таблетот ќе доаѓа во две верзии - само со Wi-Fi или со LTE, од кои првата ќе биде поевтина. Од надворешни спецификации, вклучува 10.5 инчен дисплеј со резолуција од 1920 x 1200 пиксели, додека останатиот дел од изгледот ќе биде како и кај другите таблети на Samsung.

Samsung Galaxy Tab A2 XL full specs list leaks ahead of launch


Под хаубата, се наоѓа Snapdragon 450 процесор, придружен од 3GB RAM и 32GB меморија. Истотака, на задната страна има камера од 8 мегапиксели, додека селфи камерата е од 5 мегапиксели. Големата батерија од 7300mAh вклучува брзо полнење, кое значително ќе го намали времето потребно за полнење. Се разбира, ќе работи на Android 8.1. Интересно е што нема да доаѓа со ниту со физичко Home копче, ниту со скенер за отпечатоци.

Останува да видиме дали ќе биде претставен на 9 август, заедно со Note 9, или Samsung сепак ќе чека до септември. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.