x

Samsung Galaxy Tab S4 пристигнува на 1 август!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 31 Јули, 2018 од GSM.mk

Додека веќе е потврдено дека Note 9 пристигнува на 9 август, Samsung сеуште ги нема потврдено плановите за новите таблети кои планира да ги претстави..

Според првичните информации, таблетите требаше да бидат претставни на 9 август, заедно со Note 9. Но, изгледа дека компанијата ги промени своите планови. 

Иако Samsung планира да претстави четири нови модели, компанијата планира посебен настан на 1 август, специјално наменет за Galaxy Tab S4. За оние кои не се запознаени, таблетот ќе доаѓа со 10.5 инчен дисплеј, исто како неговиот претходник, со значително намалени рамки, слично како плановите на Аpple за новата iPad линија. Во внатрешноста, ќе доаѓа со Qualcomm Snapdragon 835, 4GB RAM и 64GB меморија. Камерите ќе бидат од 13 и 8 мегапиксели. Последно, ќе работи на батерија од 7,300mAh.

Сега за сега, сеуште не е познато зашто Samsung планира да го најави Galaxy Tab S4 на посебен настан. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.