x

Samsung Galaxy Tab S5e и Galaxy Tab A 10.1 пристигнуваат на 26 април!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 22 Април, 2019 од GSM.mk

Покрај новите уреди во Galaxy A серијата смартфони, Samsung наскоро ќе претстави и неколку нови таблет модели..

Еден од нив, ќе доаѓа со 10.5 инчен панел и ќе биде потенок од своите iOS ривали. И покрај тенкиот дизајн, како и тежината од само 400 грама, Tab S5e доаѓа со солидна батерија од 7,040 mAh со брзо полнење. Ќе бидат достапни две верзии - една со 4GB RAM и 64GB меморија и друга малку помоќна, со 6GB RAM и 128GB меморија.

The Tab S5e is even prettier from the back

Двата модели ќе имаат исти камери од 13 мегапиксели на задната и 8 мегапиксели на предната страна. Ќе работат на Android 9.0 Pie и Snapdragon 670.

Двата уреди ќе бидат претставени на 26 април. Нормално, помалиот и поспориот модел ќе има и пониска цена, од 230 долари. Од друга страна, поскапиот и помоќниот модел ќе има цена од 300 долари.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.