x

Samsung Galaxy Tab S5e: Тенки рамки, солидни спецификации, ниска цена

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 28 Февруари, 2019 од GSM.mk

Samsung го најави својот нов таблет. Еве што нуди:

Tab S5e е значително потенок од неговиот претходник, Tab S4 - од 7.1 mm на 5.5 mm. Неговите рамки се истотака потенки и пократки, а го има истиот Super AMOLED дисплеј, со резолуција од 2560 x 1600 пиксели. Со само 400 грама, новиот таблет не само што е полесен од Tab S4, туку е полесен и од 9.7 инчниот iPad и 11 инчниот iPad Pro. Дисплејот е од 10.5 инчи.

И покрај помалиот дизајн, Samsung веетува издржливост на батеријата од 14.5 часа, со капацитет од 7,040 mAh. Батеријата е придружена од Snapdragon 670, 6GB RAM и 128GB меморија.

Samsung Galaxy Tab S5e goes official with incredibly thin body, decent specs, low price

На задната страна се наоѓа една камера, од 13 мегапиксели, додека селфи камерата е од 8 мегапиксели. Достапен е во црна, златна и сребрена боја. Неговата продажба ќе започне од 4 април.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.