x

Samsung Galaxy Watch4 и Watch4 Classic добиваат уште едно ажурирање

Категорија: Технологија // Софтвер Објавено на 31 Август, 2021 од GSM.mk

Samsung го издаде второто ажурирање за Galaxy Watch4 и Watch4 Classic по она што дојде пред да бидат лансирани. Новиот фирмвер носи неколку основни карактеристики, главно поврзани со функциите за следење фитнес.

Најзначајното нешто во врска со ажурирањето е внесувањето на Samsung Health во поставките, што ви овозможува полесно управување со вашите карактеристики поврзани со здравјето од самиот часовник. Покрај тоа, фирмверот треба да ја подобри точноста на мерењето на калории на вежбите за возење велосипед.

И на крај, сега можете да го исклучите автоматското откривање на тренингот во случај да ви пречи и може да ги прилагодите поставките поврзани со јачината на звукот преку панелот за брзо префрлување. Чудно што тие опции не беа достапни при лансирањето.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.