x

Samsung Galaxy Z Flip 3 Pokemon Edition се распродаде за неколку минути

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 28 Април, 2022 од GSM.mk

Специјалното издание на Samsung за паметниот телефон Galaxy Z Flip 3 наречено Pokemon Edition се распродаде за само неколку минути во Јужна Кореја.

Продажбата се отвори преку продавницата Galaxy Campus на Samsung во Сеул и онлајн продавницата, а сите достапни уреди се распродадоа за само неколку минути по цена од 1.024 долари за парче.

Специјалното издание, односно пакетот, вклучува кутија дизајнирана на тема од популарните Pokemon, смартфон, специјална Pokemon чанта, налепници Pikachu, држач за мобилен телефон Pokeball и прстен за клучеви Pikachu. Исто така, дел од пакетот е и едногодишен план за осигурување Samsung Care+.

Засега не е познато дали овој специјален пакет ќе биде достапен и на други пазари освен во Јужна Кореја.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.