x

Samsung ги дарува купувачите на новата моќна Galaxy S серија

Категорија: Занимливости Објавено на 16 Мај, 2019 од GSM.mk

Идните сопственици на моќната Galaxy S10 серија ќе имаат уште една причина да се радуваат на купувањето на новите S10e, S10 и S10+ уреди, затоа што на подарок ќе добијат безжични “Y500 AKG Harman“ слушалки во вредност од 14.500 денари.

Правото на подарок и осигурување на екранот се стекнува откако гордите сопственици на моќен уред од новата Galaxy S серија, во рок од седум дена од датумот на купување, ќе се регистрираат на страницата www.samsungsp.eu/mk/. Поволностите можат да ги искористат и правни лица, кои пополнуваат засебна регистрациска форма во рамки на горенаведениот линк.

Промоцијата која опфаќа осигурување на екранот и подарок слушалки важи за уредите од Galaxy S10 серијата купени во период од 10.05.2019 до 07.06.2019, додека времетраењето на процесот на регистрација е од 10.05.2019 до 14.06.2019 година. Оваа акција се однесува само за уредите купени кај официјалните продажни партнери на компанијата Samsung. Сите заинтересирани повеќе информации може да пронајдат на следниот линк: www.samsung.com/rs/offer/samsung-podaruva-mk/.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.