x

Samsung ги претстави металните Galaxy A3 и Galaxy A5!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 31 Октомври, 2014 од GSM.mk

Корејскиот гигант официјално претстави два уреди за кои се шпекулира подолго време, а се дел од новата „Galaxy A“ серија на Samsung. Да погледнеме што не очекува...

Според Samsung, новата серија е наменета за „младите потрошувачи кои бараат практичност и функционалност“, а моделите се најтенките досега - 6,7 милиметри дебелина кај Galaxy A5 и 6,9 милиметри кај Galaxy A3. Овие телефони се и едни од најубавите кои досега ги има произведено компанијата, изработени од квалитетна пластика и метална рамка околу уредот.

Новиот Galaxy A5 поседува 5 инчен Super AMOLED екран со HD резолуција (1280 x 720 пиксели), а во внатрешноста се наоѓа 1,2GHz quad-core процесор (најверојатно станува збор за Snapdragon 400) и 2GB RAM.

Меѓу останатите спецификации се 13 мегапикселната задна камера, меморијата од 16GB (која можете да ја проширите преку MicroSD картичка) и батерија од задоволувачки 2,300 милиампер часови.

Galaxy A3 поседува помал, 4,5 инчен Super AMOLED екран со резолуција од 960 x 540 пиксели, најверојатно идентичен quad-core процесор, 1GB RAM и простор за складирање на податоци од 16GB.

Двата уреди ќе работат на Android 4.4 KitKat и ќе бидат достапни во повеќе различни бои. Продажбата ќе започне во ноември, а засега не се познати детали околу цената.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.