x

Samsung го одложи претставувањето на Galaxy Note 10 серијата!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Јули, 2019 од GSM.mk

Од нигде и никаде, Samsung го промени датумот на претставување на Note 10 серијата..

Досега се зборуваше дека долгоочекуваната Note 10 серија ќе биде претставена на 7 август, за време на Samsung Unpacked настанот. Како и сите популарни уреди кои фановите ги чекаат со нетрпение, веќе се запознавме со голем дел од спецификациите, карактеристиките и изгледот на Note 10 уредите, благодарение на фотографиите и информациите кои се појавија за нив.

Но, додека Note 10 производството најверојатно веќе е започнато, Samsung наиде на неочекувани проблеми. Станува збор за конфликтот меѓу Јапонија и Јужна Кореја. Поради трговската битка меѓу двете земји, голем дел од компаниите во технолошкиот свет наидоа на проблеми, меѓу кои е и Samsung. "Благодарение" на конфликтот, компанијата има забрана за увоз на голем дел од деловите кои се потребни за изградба на Note 10 серијата. Се разбира, тоа значи дека иако производството е започнато, компанијата ќе треба да го одложи претставувањето кое требаше да биде за помалку од месец дена.

Како и секогаш, уредите ќе доаѓаат со два различни процесори. Во Америка, во внатрешноста ќе се наоѓа Snapdragon 855 Plus, додека оние во Јужна Кореја и Европа ќе доаѓаат со Exynos 9825. За жал, токму европскиот и јужнокорејскиот маркет ќе бидат погодени од конфликтот. 

Сега за сега, новиот датум на претставување не е познат.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.