x

Samsung го претстави дисплејот на иднината

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 24 Јануари, 2023 од GSM.mk

Компанијата Samsung, односно нејзината подружница Samsung Display, разви нов прототип на смартфон на преклоп со шарка што може да ротира за 360 степени, а овој дизајн би можело да ја одреди насоката за мобилните телефони од овој тип.

Samsung Display, кој е одговорен за производство на екрани на Samsung, го покажа прототипот на екранот и шарката на CES. Станува збор за екран наречен Flex In & Out кој има способност да ротира за 360 степени, што значи дека може да ротира навнатре и нанадвор.

Екранот има шарка со различен дизајн наречен water-drop што создава значително помалку видлива бразда. Овој дизајн му овозможува на екранот да формира „полабава форма“ како капка вода кога е свиткан навнатре. Посуптилната шарка, исто така, би предизвикала помал стрес на екранот.


Можно е новиот дисплеј да биде дел од Galaxy Z Fold 5 на Samsung, што би решило некои проблеми како што е истакнатата бразда присутна кај претходните уреди. Кога ќе се појави Galaxy Z Fold 5, сè уште не е познато. Samsung ќе ја претстави серијата Galaxy S23 на настанот Galaxy Unpacked закажан за 1 февруари. Веќе „протекоа“ информации за изгледот и перформансите.

Во 2021 година, Samsung Display го покажа прототипот за Flex In & Out, но пристапот беше различен бидејќи екранот се преклопуваше во форма на буквата „S“ во неколку сегменти. Меѓутоа, линијата Fold на Samsung сè уште користи екрани кои се преклопуваат само во една насока.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.