x

Samsung го претстави Galaxy K zoom, смартфонот со камера од 20,7 мегапиксели

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 11 Мај, 2014 од GSM.mk

Samsung го претстави првиот телефон од новата Galaxy K серија на паметни телефони која може во целост да ги замени дигиталните „point and shoot“ фотоапарати.

Ова е тотално нова категорија на мобилни уреди, какви што се уште не сте виделе“ - најави Сунг Хонг Лим od мобилната дивизија на Samsung. Јужнокорејската компанија, минатата година го претстави моделот Galaxy S4 Zoom, смартфон со 10х оптички зум, кој иако имаше напредни фотографски функции за смартфон, сепак не привлече многу внимание.

Според Хонг Лим S4 Zoom не бил совршен уред, а сите недостатоци ги надминале, па овој модел носи многу подобрувања. Потенок е од претходникот, иако и понатаму е подебел од класичните паметни телефони, компромис што мора да го прифатат корисниците кои сакаат смартфон со оптички зум.

Samsung тврди дека овој уред носи „оптимален баланс“ на практичноста на смартфонот и одличните квалитети на фотографскиот дел. Со оглед на се помалата продажба на „point and shoot“ фотоапаратите, компанијата се надева дека токму Galaxy K серијата ќе ги привлече корисниците, особено поради високиот квалитет на фотографиите.

Смартфонот располага со екран со дијагонала од 4,8 инчи со резолуција од 1280х720 пиксели, Exynos 5 Hexa чипсет, има 2GB RAM, 8GB меморија за складирање податоци, поддршка за LTE како и Android 4,4 KitKat.

Резолуцијата на камерата изнесува 20,7 мегапиксели, уредот има 10х оптички зум, оптичка стабилизација на сликата, ксенон блиц и интересни софтверски опции.

Засега нема информации кога ќе се појави на пазарот, ниту пак која ќе му биде цената, а според очекувањата, многу наскоро ќе се појави во продавниците.

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.