x

Samsung го претстави Galaxy View 2: Таблет со големина на телевизор

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 27 Април, 2019 од GSM.mk

Никогаш нема да бидеме ни бидат доволно изненадувањата од Samsung – компанија која од година во година успева да се надмине себеси. Новиот Galaxy View 2, иако претставен како таблет со огромна големина, сепак повеќе наликува на мобилен телевизор со Android

Во екот на многу нови стриминг платформи, Samsung се обиде да креира нешто што ќе го замени телевизорот, а истовремено ќе им даде на корисниците можност да гледаат содржина во квалитетна, висока резолуција.

Како што сугерира името, Galaxy View 2 не е првиот обид на Samsung за креирање на хибрид помеѓу таблет и телевизор. Оригиналниот Galaxy View беше претставен на пазарот уште во 2015 година, но набрзо беше заборавен и исфрлен од продажните полици, бидејќи цената од 599 долари ги премисли купувачите.


Новата верзија, чија цена повторно би можела да делува негативно на продажбата, има огромен, 17-инчен дисплеј и исклучително моќна батерија од 12.000 mAh. Потоа, Galaxy View 2 има осумјадрен Exynos 7884 процесор со брзина од 1,6GHZ, 3GB RAM и 64GB внатрешна меморија. На предниот дел се наоѓа 5-мегапикселна камера, а на задниот дел нема камера бидејќи производителот сметаше дека никој нема да има потреба од фотографирање на пејзажи со 17-инчен таблет-телевизор.

Samsung Galaxy View 2 е достапен за продажба веќе од утре, а неговата цена изнесува „солени“ 740 долари.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.