x

Samsung го претстави новиот Galaxy S20 Fan Edition

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 25 Септември, 2020 од GSM.mk

Samsung го претстави новиот Galaxy S20 Fan Edition(FE) – новиот флегшип смартфон со одлични перформанси.

Новиот модел ги обединува сите најдобри карактеристики од новата серија Galaxy S20, a ќе биде достапен дури во шест бои.

Galaxy S20 FE доаѓа со моќна батерија која трае цел ден. Батеријата е од 4.500 mAh, моќни AP перформанси и супербрзо полнење.

Смартфонот е отпорен на вода и на прашина(IP68), a доколку го скршите екранот или сакате да ја смените батеријата, достапна е опцијата Samsung Care+.

Останати спецификации:

Екран: 6,5 инчeн flat FHD+ Super AMOLED со резолуција од 2.400х1.080 пиксели со фреквенција на освежување од 120 Hz

Димензии: 74,5x159,8x8,4 мм, тежина 190 гр

Камера: селфи 32 MP, ултраширока 12MP, широка 12 MP со Dual Pixel автофокус и оптичко стабилизирање на фотографијата, 8 MP телефото, Space Zoom со 3х oптички зум

Mеморија: 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија/ 8 GB RAM, 256 GB интерна и microSD слот до 1 TB

Оперативен систем: Android 10.

Смартфонот поддржува и 5G мрежа.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.