x

Samsung го претстави новиот SSD970 EVO Plus!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 26 Јануари, 2019 од GSM.mk

Samsung го претстави “Samsung 970 EVO Plus“ – најновото дополнување на нивното портфолио на “SSD“уреди со “NVMe” (Non-Volatile Memory Express) протокол.

Со своите водечки перформанси во индустријата и со капацитетот за за чувување податоци до два терабајти, “Samsung 970 EVO Plusпоставува нови стандарди за складирањето податоци со високи перформанси, овозможувајќи им на ИТ професионалците, љубителите на технологијата и “гејмерите“ лесно ​​да се управуваат со интензивните работни оптоварувања на персоналните компјутери и работните станици.

"Уште со претставувањето на првите “SSD” уреди со “NVMe“ протокол на пазарот и пред потрошувачите во 2015 година, Самсунг продолжи да ги надминува техничките бариери водизајнот и перформансите на “SSD” уредите за зачувување податоци. Новиот970 EVO Plus со најновата петта генерација Ви-Хенд (V-HAND) технологија на Самсунг, овозможува незаменливи перформанси во својата класа кога станува збор за уредување на 4K содржини, 3D моделирање и симулација, како и играњетоигри." - изјавид-р МајкМанг(Mike Mang), Потпретседател на Секторот за Маркетинг за Брендирање на Продукти, Самсунг Електроникс. 

Со интегрирањето на најнапредните Ви-Хенд чипови на Компанијата со оптимизиран фирмвер, “970 EVO Plus“ постигнува значително подобрени перформанси - до 57% во брзината на пишување, како и зголемена енергетска ефикасност во споредба со својот претходник, “970 EVO“. Новиот диск обезбедува секвенцијална брзина за читање и пишување до 3.500 мегабајти во секунда, односно до 3.300 мегабајти во секунда, додека брзината мерена по случаен избор достигнува до 620.000 влезни/излезни операции во секунда за читање (IOPS) и до 560.000влезни / излезни операции во секунда за пишување


Корисниците може лесно да ги надградат своите уреди бидејќи “970 EVO Plus“ доаѓа во компактен M.2 oblikкористејќи “PCIe Gen3x4“ интерфејс како кај повеќето модерни компјутери. Новиот “970 EVO Plus“, исто така, има и петгодишна лимитирана гаранција или гаранција до искористени 1.200 терабајти.

Самсунг уредот за зачувување податоци “970 EVO Plus“е достапен со различни опции за капацитет - Моделите со 250GB, 500GB и 1TB капацитет се веќе достапни за купување низ целиот свет, а моделот со капацитет од 2TB ќе биде достапен за потрошувачите во април оваа година. 


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.