x

Samsung го претстави смартфонот Galaxy S21 FE

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 05 Јануари, 2022 од GSM.mk

Samsung конечно го претстави новиот член на семејството Galaxy, a тоа е Galaxy S21 FE.

По бројните шпекулации, Samsung официјално го претстави моделот Galaxy S21 FE. Oзнаката FE значи Fan Edition и е резервирана за уред со спецификации на моделите Galaxy S21, но по пониска цена.

Galaxy S21 FE пристигнува со 6,4-инчен екран, AMOLED панел со резолуција 2340х1080 и има фреквенција на освежување од 120 Hz како и S21.

S21 FE го движи Snapdragon 888 процесор во САД, а Exynos е присутен на останатите пазари.

Напред е селфи камерата од 32 MP, позади има 3 камери, главна од 12 MP со оптичка стабилизација, ултраширока од 12 и телефото од 8 MP исто така со стабилизација.

S21 FE е потенок и полесен од претходникот, а го напојува батерија од 4.500 mAh која може да издржи до два дена.

Продажбата почнува на 11 јануари по цена од 749 евра за модел кој има 8 GB RAM и 128 GB интерна меморија.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.