x

Samsung ја губи битката на смартфони од средна класа?

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 18 Декември, 2018 од GSM.mk

Samsung, компанијата која ја презема титулата од Nokia како најголемиот произведувач на смартфони на пазарот, има мал проблем..

Премиум уредите, оние кои носат најголем процент од профитот, имаат помала продажба од обично. Но, комапнијата има еден поголем проблем - брзо ја губи битката на уреди од средна класа.

Бидејќи Samsung не споделува информации за своите продажби, податоците се добиени од анализи спроведени од IDC и други аналитички компании, кои се согласуваа дека компанија навистина има проблем со продажбата на буџетските уреди. Имено, со претставувањето на Note 8 во 2017 година, компанијата имаше голем успех во однос на продажбата на смартфони, но на почетокот од 2018 година, Samsung потврди поспора продажба на Galaxy S9 серијата.

Станува збор за проблем од две причини. Најпрво, на пазарот се појавија голем број компании, како OnePlus, Xiaomi, Honor и уште неколку, кои се неверојатна конкуренција и претставуваат одлични телефони со моќни спецификации и ниски цени. Од друга страна, вината е кај самата компанија - новите уреди кои беа претставени во A серијата од средната класа доаѓаа со "досадни" спецификации и без никакви возбудливи промени. Неколкуте интересни спецификации кои се појавија со овие уреди, како четирите камери од задната страна, се покажаа целосно некорисни и со лош квалитет.

Но, дали ова е крајот за Samsung? Секако дека не. Компанија со толкава популарност и голем број на ресурси, лесно може да реши ваков проблем со мали промени и иновации. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.