x

Samsung ја открива иднината со цела нова мобилна категорија: воведување на Galaxy Fold

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 23 Февруари, 2019 од GSM.mk

Прв во светот динамичен АМОЛЕД Инфинити Флекс екран (Dynamic AMOLED Infinity Flex Display) - бесконечни можности за мултитаскинг и камера со различни функции во еден уред

Компанијата СамсунгЕлектроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) го претстави долгоочекуваниот Галакси Фолд (Galaxy Fold) - нов превитлив уред со кој Самсунг создаде нова мобилна категорија. Галакси Фолд пристигнува со првиот 7,3-инчен Инфинити Флекс (Infinity Flex) екран во светот, кој се превиткува во компактен уред со екран на предната страна. Галакси Фолд нуди нов и моќен начин за мултитаскинг, гледање видеа, играње игри и многу повеќе – создадени низ годините во самиот процесот на креирање нови можности.

"Денес, компанијата Самсунг пишува ново поглавје во историјата на мобилни иновации со менување на границата на возможното во областа на паметните телефони. Галакси Фолд со нашиот Инфинити Флекс екран, ја претставува новата категорија паметни телефони која отвора неверојатни, досега невидени можности. Го создадовме Галакси Фолд за оние кои сакаат да ги искусат врвните квалитети што ги нуди премиум превитливиот уред и кои се надвор од ограничувањата на традиционалниот паметен телефон"- изјави ДЈ Кох (Dj Koh), Претседател и Извршен Директор на Секторот за ИТ и мобилни комуникации во Самсунг.


Паметен телефон. Таблет. Сплотени во едно.

Галакси Фолд е дел од нова посебна категорија која создава поразлично мобилно искуство. Со новиот уред корисниците можат да прават нешта кои досега не можеа да ги прават со обичен паметен телефон. Корисниците сега го имаат најдоброто: превитлив уред кој пристигнува со најголемиот екранза паметни телефони на Самсунг. Галакси Фолд ги обединува материјалните, инженерските и иновациите за екрани, кои се развиваа осум години по појавувањето на првиот флексибилен прототип на екран на Самсунг во 2011 година.

  Нов механизам за превиткување: Галакси Фолд се отвора непречено и природно, како книга и се затвора рамно и компактно со едноставен клик. За да го постигне тоа, Самсунг изработи софистициран механизам за превиткување со повеќе меѓусебно - зависни запчаници. Овој систем е сместен во скриено куќиште за беспрекорен и елегантен изглед.

  Нови елементи во дизајнот: Од екранот, куќиштето, до секој елемент што можете да го видите и допрете - Самсунг се грижи за секој детаљ. Скенерот за отпечатоци се наоѓа на страната каде палецот природно се потпира и уредот лесно се отклучува. Двете батерии и компонентите се подеднакво распределени, допринесувајќи за балансот на овој уред. Уникатните бои на Самсунг - Вселенско Сребрена, Космос Црна, Марсовско Зелена, Астро Сина, заедно со гравираниот дел за превиткување со Самсунг лого, го комплетираат елегантниот изглед и крајниот резултат.


Целосно ново искуство

Галакси Фолд е дизајниран имајќи ги предвид потребите на корисниците на паметни телефони - водени од поголеми и подобри “форм“ фактори кои ги зголемуваат корисничките искуства. Галакси Фолд се менува во екран согласно потребите на корисниците, во моментот кога им е потребен. Тие можат да го извадат од нивниот џеб за еднократни повици, пораки и многу повеќе, или да го отворат за мултитаскинг активности и повисок квалитет на гледање на најголемиот мобилен екран на Самсунг, за презентации, дигитални списанија, филмови и содржини со изменета реалност.

Уникатното корисничко искуство креирано само за Галакси Фолд, создава нови начини преку кои корисниците можат да го искористат максимумот од нивните паметни телефони.

  Мулти-активен прозорец: Има бесконечно многу можности со Галакси Фолд-дизајниран за вистинскиот мулитаскер. Корисниците може да отворат до три активни апликации на екранот истовремено, овозможувајќи им да сурфаат, пишуваат СМС пораки, да работат, да гледаат или споделуваат.

  Континуитет на апликации:Галакси Фолд овозможува лесни и беспрекорни транзиции од едниот кон другиот екран. Како што се отвора и затвора Галакси Фолд, апликациите автоматски ќе се појавуваат онаму каде што корисниците ќе ги остават. Доколку корисниците посакаат да направат убава фогорафија, да променат нешто, или да погледнат поблиску во новостите, тогаш може да уживаат во тоа отворајќи го големот екран и добивајќи полна слика.

Самсунг соработуваше со Гугл и заедницата на Андроид за да се погрижи апликациите и услугите да бидат достапни во рамки на Галакси Фолд за богато корисничко искуство.

Врвни перформанси создадени за превиткување

Галакси Фолд е создаден за интензивна употреба без разлика дали на него се работи, се игра или се споделува, а за сево ова се потребни напредни перформанси. Опремен со моќен хардвер, Галакси Фолд е повеќе од подготвен за различни работни активности.

  Направете повеќе: За да обезбеди непречено функционирање, дури и при истовремено користење на три апликации, Самсунг го создаде Галакси Фолд со високо напојуван  АП чипсет од следната генерација и 12GB РАМ меморија со перформанси слични на компјутер. Софистицираниот систем за двојна батерија е посебно дизајниран да биде во чекор со корисникот. Галакси Фолд исто така може да се полни себеси како и да полни втор уред истовремено преку Безжично споделување на енергија, додека е поврзан со обичен полнач. Со оваа функција корисниците може да понесат само еден полнач кога патуваат.

  Врвно мултимедијално искуство: Галакси Фолд е дизајниран за забава. Благодарение на извонредна визуелизација на Динамичниот АМОЛЕД екран и остар и јасен звук од стерео звучниците создадени од АКГ (AKG), омилените филмови и игри како “Асфалт 9“ оживуваат преку богатиот звук и боја.

  Камера со најголем број различни опции досега: Без разлика на кој начин корисникот го држи и дали го преклопува уредот, камерата ќе биде подготвена за снимање, а корисниците никогаш нема да ги пропуштат важните моменти. Со шест објективи, три во задниот дел, два во внатрешниот дел и еден на предната страна, системот за камера на Галакси Фолд е создаден со флексибилност. Галакси Фолд отвора ново ниво на мултитаскинг, овозможувајќи им на корисниците да користат други апликации за време на видеоповик.

Направете СЀ со ГАЛАКСИ ФОЛД

Галакси Фолд претставува повеќе од мобилен уред. Галакси Фолд е портал за цела галаксија поврзани уреди и услуги што Самсунг ги има развиено во текот на годините за да им олесни на потрошувачите да ги прават работите што претходно не можеле. Овој уред, поврзан со Самсунг Декс (Samsung DеX), овозможува искуство слично на компјутер. Платформата Бигзби е поддржана со нови интелигентни функционалности како “Бигзби Рутини“ кои помагаат во исполнување на потребите на корисниците, а Самсунг Нокс ги заштитува податоците и информациите и ги чува безбедни. Од користење на телефонот за купување со Самсунг Плаќања (Samsung Pay), до користење на Самсунг Здравје (Samsung Health) за управување со здравјето и добросостојбата на корисникот, Галакси екосистемот е секогаш покрај корисниците овозможувајќи им да ги следат и реализираат работите кои се нивна страст и пасија.

Галакси Фолд ќе биде достапен во вториот квартал од 2019 година во две верзии – со “LТЕ“ и “5G“ конекција.

За повеќе информации за Галакси Фолд, посетете ги следните веб страни:http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com/galaxy.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.