x

Samsung ја сподели цената на Galaxy S10 5G: Фер цена за моќен смартфон!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 01 Април, 2019 од GSM.mk

5G технологијата официјално пристигна, а популарни компании, како Samsung и Huawei веќе ги претставија своите први вакви уреди. Бидејќи станува збор за смартфони со уникатни карактеристики, корисниците се прашуваат какви ќе бидат нивните цени...

Заедно со останатите три S10 уреди, Samsung претстави и четврт модел кој содржи 5G технологија. Додека останатите се веќе достапни, неговата достапност и цена досега не беа познати. Конечно, компанијата ги сподели овие информации.

Како што беше очекувано, Galaxy S10 5G нема да биде евтин. Во Кореја, неговата почетна цена ќе биде 1,220 долари. Верзијата која нуди 512GB нормално ќе биде поскапа, со цена од 1,365 долари.

Samsung's Galaxy S10 5G gets a price tag that... actually sounds pretty fair


Како мало потсетување, во Кореја обичните Galaxy S10e, S10, и S10+ се достапни по цени од 790, 900 и 1,000 долари. Исто како и овие модели, S10 5G верзијата ќе биде малку поевтина во Америка, некаде околу 1,200 долари за варијантата со 256GB меморија и помеѓу 1,300 и 1,350 за онаа со 512GB меморија.

Инаку, станува збор за голем смартфон, со 6.7 инчен "Dynamic" AMOLED панел, резолуција од 1440 x 3040 пиксели и 19:9 сооднос. Во внатрешноста се наоѓа Exynos 9820 процесор, придружен од 8GB RAM. Работи на батерија од 4500mAh.

Се на се, овој S10 модел има шест камери. На задната страна се наоѓа систем од 4 камери - главниот сензор е од 12 мегапиксели, секундарната леќа е истотака од 12 мегапиксели, третиот сензор е со 16 мегапиксели, а последната е TOF камера. На предната страна се наоѓа 10 мегапикселен сензор, повторно придружен од TOF камера.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.