x

Samsung: Како ќе изгледа новиот паметен часовник на компанијата?

Категорија: Занимливости Објавено на 07 Февруари, 2019 од GSM.mk

Наскоро Samsung на традиционалниот настан Unpacked ќе ги претстави ноите уреди, а пред тоа да се случи имаме можност да дознаеме како ќе изгледа новиот паметен часовник, Galaxy Sport.

Овој часовник ќе биде наменет за оние кои сакаат активности на отворено, а ќе понуди и одредено ниво на отпорност на вода.

Се верува дека Galaxy Sport ќе може да следи повеќе од 40 активности и ќе има функција за следење на спиење, движење, отчукувања на срцето и локации, а ќе понуди и навигација.

Останатото останува да го дознаеме по претставувањето на новите уреди.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.