x

Samsung ќе понуди побрза надградба на новата верзија на Android

Категорија: Софтвер // Android Објавено на 24 Ноември, 2022 од GSM.mk

Samsung најави дека телефоните на компанијата наскоро ќе добијат уште побрза надградба на оперативниот систем Android на новата верзија.

Телефоните на Samsung веќе се позиционираа на пазарот како уреди кои се меѓу првите кои добија надградба на Android 13 (One UI 5), веднаш зад моделот Google Pixel.

Така, серијата Galaxy S22 ја доби својата надградба на One UI 5 само два месеци откако Google официјално го претстави Android 13.

Но, Samsung не сака да застане тука и верува дека може да ја достави надградбата до корисниците уште побрзо. Се очекува по објавувањето на верзијата Android 14, Samsung да дозволи надградба за помалку од два месеци, откако ќе ја ажурира линијата Pixel.

Останува да видиме дали Samsung ќе успее во своите намери. Во меѓувреме, компанијата продолжува да испорачува One UI 5 на повеќе уреди. Така, Galaxy Z Flip and Fold 3 и 4, Galaxy S21 series, S20 series, Note 20 го добиваат најновиот софтвер, додека следниот месец ќе пристигне на Galaxy A52s и Galaxy A32.

Во меѓувреме, Samsung објави дека започнал со испорака на One UI 5.0/Android 13 и на моделот Galaxy S20 FE

Samsung Galaxy S20 FE беше претставен пред повеќе од две години и е еден од најпопуларните телефони меѓу корисниците. Првично беше испорачан со платформата Android 10.




Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.