x

Samsung ќе произведе лаптоп со Snapdragon процесор

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 08 Јуни, 2018 од GSM.mk

Samsung ќе зачекори по патот по кој тргнаа HP, ASUS и Lenovo и ќе произведе лаптоп со познатиот Snapdragon процесор, кој во последните неколку години стана многу популарен кај производителите на смартфони.

Покрај претставувањето на нивниот нов чипсет наречен Snapdragon 850, денес компанијата Qualcomm објави дека познатиот произведувач на телефоните Galaxy ќе ја интегрира нивната картичка на „идните уреди“.

Со оглед на тоа дека Samsung веќе произведува уреди кои користат Windows и кои се доволно преносливи за да ги задоволат барањата на Microsoft за екосистемот Always Connected PC, многу веројатно е дека нивниот следен уред ќе биде 2-во-1. Земајќи предвид дека поврзаните компјутери треба да бидат паметни и одговорни со трошењето на батеријата и ќелиското поврзување, експертизата на Samsung во полето на производство на смартфони може да им даде предност во одност на традиционалните производители на лаптоп компјутери.

Не постојат многу други податоци, па имајте на ум дека сѐ што ќе кажеме понатаму е само шпекулација и наша имагинација за тоа како би можел да изгледа еден ваков производ на соработката помеѓу Samsung и Qualcomm.

Последните неколку години донесоа многу важни вести за Qualcomm и оваа компанија продолжува да чекори нагоре по скалилата на технолошката индустрија. Нивните процесори се најупотребуваните во индустријата за производство на смартфони, а со новата соработка со Samsund, Qualcomm добива уште еден партнер со кој ќе соработува на Windows платформата.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.