x

Samsung официјално го објави датумот на претставување на новите уреди

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2020 од GSM.mk

Samsung ќе ги претстави новите смартфони на 11 февруари, а помеѓу нив ќе биде и Galaxy S11.

Новата генерација на новите уреди на Samsung ќе биде претставена на 11 февруари во Сан Франциско, потврди јужнокорејската компанија.

„Поздравете го новиот Galaxy“, напишаа од Samsung на Twitter.

Постојат гласини дека ќе биде претставен и новиот телефон на преклоп. Од Samsung потврдија дека ќе претстават повеќе од еден уред, но сè уште не откриваат повеќе информации, пишува Verge.

Galaxy S11 би требало да има големина од 6,2 или 6,4 инчи, Galaxy S11 Plus од 6,7 инчи, додека Galaxy S11 Pro би требало да има најголем дисплеј од 6,9 инчи.

Во поглед на камерите, се очекува моделите од серијата да имаат различни перископски леќи, како и 5x оптички зум. Камерите би требало да имаат 108 мегапиксели.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.