x

Samsung официјално го потврди Galaxy S9 името и сподели информации за камерите на уредот!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 01 Февруари, 2018 од GSM.mk

Samsung официјално потврди интересни информации за своите нови премиум уреди - познати како Galaxy S9 и S9 Plus:

Samsung го потврди 25 февруари како датумот кога ќе бидат претставени новите смартфони и истовремено официјално го потврди Galaxy S9 името во изјавата. Најверојатно, на 25 февруари, компанијата официјално ќе ги најави уредите, а нивното претставување ќе биде во средина на март. 

Истовремено, Samsung најави "драстични промени во основните карактеристики на уредот, како што се камерите и Bixby". Сега за сега, знаеме дека Galaxy S9 и S9+ ќе доаѓаат со различни камери. На пример, Galaxy S9 ќе вклучува 12 мегапикселна задна камера со OIS, додека Galaxy S9+ ќе доаѓа со дуален систем камери од 12 мегапиксели. На предната страна, и двата ќе доаѓаат со 8 мегапикселни камери. 

Останува да видиме за какви промени станува збор. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.