x

Samsung официјално ја замени Galaxy J серијата со Galaxy А!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 10 Април, 2019 од GSM.mk

Доколку се надевавте на нов Galaxy J уред, тогаш имаме лоши вести за вас...

Наскоро, јужнокорејската компанија нема да произведува уреди под тоа име. Тоа се лошите вести, но добрите вести се што Samsung ќе продолжи да претставува евтини Android смартфони, само под друго име.

Samsung Malaysia сподели видео каде соопштува дека Galaxy J серијата ќе биде заменета со Galaxy А. Ваквата изјава и не е некое изненадување, бидејќи досега компанијата претстави само модели во Galaxy A и Galaxy M линиите. 

Иако спецификациите на A и М сериите се слични, Galaxy A серијата има поголем избор на уреди кои ќе бидат достапни на глобално ниво, додека другите се уредите од средната класа кои ќе бидат главно достапни во Индија и други земји во Азија.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.