x

Samsung отвори нов Центар за вештачка интелигенција во Њујорк

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Септември, 2018 од GSM.mk

Покрај петте објекти во Кореја, САД, Велика Британија., Канада и Русија, Научниот центар на Самсунг за истражување и развој воспостави уште еден Центар за вештачка интелигенција во Њујорксо фокус на роботика

Со цел зајакнување на своите способности за вештачката интелигенција,Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.)отвори нов истражувачки центар за вештачка интелигенција (АИ) во Њујорк, САД,, лоциран во областа Челзи (123 West 18th St).

Соновоотворениот Центар за вештачка интелигенција во Њујорк предводиДаниел Д. Ли (Daniel D. Lee), Извршен Потпретседател на Дивизијата на Самсунг за истражување и развој и глобален еминентен стручњакза роботиката со вештачка интелигенција. Во соработка со водечкиотстручњакза технологија за вештачка интелигенција базирана на невронски мрежи -Х. Себастијан Сеунг(H. Sebastian Seung), Извршен Потпретседател на Научниот центар на Самсунг за истражување и развој, Центарот за вештачка интелигенција во Њујорк ќе работи на напредно истражување за вештачката интелигенција за роботиката. Како главен истражувач воСамсунг Електроникс, Сеунг исто така ќе ја советува КомпанијатаСамсунг за напредни АИ истражувања во идните развојни можности за раст на бизнисот.

"Потребно е да се фокусираме кон создавањето на нови вредности кои го олеснуваат и го прават поудобен животот на луѓето прекукористење на моќта на вештачката интелигенција во производите и услугите на Самсунг. За да успееме во ова, нашите Глобални Центри за Вештачка Интелигенција, вклучувајќи го и Центарот во Њујорк, се од суштинска важност.“ - изјавиХјун-сук Ким (Hyun-suk Kim), Претседател и Раководител на Дивизијата за Истражување,која опфаќа истражувања и развојвоДивизијатаза уредивоСамсунг Електроникс.

Самсунг ги претстави своите плановите за проширување на напредните можности за истражување на вештачката интелигенција преку вработување на околу 1.000 специјалисти до 2020 година. Ова е биде шестиот центар за вештачка интелигенција на Самсунг во светот и ќе работи во партнерство со останатите истражувачки капацитети на Компанијата коисе наоѓаат во Кореја, Велика Британија, Канада, Русија и во Силиконската долина, САД.


Возбудени смешто отворивме нов центар за вештачка интелигенцијана Самсунг во Њујорк,специјализиран за истражувањаво областа на роботиката. Њујорк е еден од најголемите градови во светот, а со овој нов објект ќе можеме да ги искористиме огромните таленти во оваа област. Исто така, се радуваме на соработката со врвни универзитети и академски центри во регионот.“– изјави Даниел Д. Ли.

Глобалните центри за вештачка интелигенција ќе придонесат кон истражувањата на Самсунг за овој вид на интелигенција, користејќи ги предностите на регионите во кои се наоѓаат, а се очекува Компанијата Самсунг да ги прошири своите центри за вештачка интелигенција и на други локации богати со таленти и технологија, со што ќе ја зацврсти својата позиција како лидер во истражувањето на вештачката интелигенција во индустријата.

Областа на вештачката интелигенција направи револуционерен напредок со конечно прифаќање на невронските мрежи. Ова е само почеток на новата ера на иновации совештачката интелигенција и ние во Истражувачкиот Центар за вештачка интелигенција во Њујорк се гордееме што сме дел од оваа возбудлива мисија.“- изјавиХ. Себастијан Сеунг (H. Sebastian Seung), Извршен Потпретседател на Научниот центар на Самсунг за истражување и развој.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.