x

Samsung овозможува 5 години гаранција на одбрани UHD и QLED ТВ уреди!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 08 Ноември, 2018 од GSM.mk

Промоцијатае важечка до 31.12.2018 година ивклучува 5 години гаранцијаза“UHD“ и “QLED“ Самсунг ТВ уредитеод 2018 година и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“за сите “QLED“ ТВ модели

Со цел да им овозможи на своите корисници уште поголема сигурност и уживање во гледањето на содржини преку ТВ уредите, Компанијата Самсунг подготви нов “бран“ промотивни активности.Во период од 1 oктомври до 31 декември 2018 година, сите оние кои ќе купат Самсунг “UHD“ или “QLED“  ТВ уред од серијата “Н“ (“N”)од 2018 година ќе добијат 5 години гаранција. Исто така, покрај оваа гаранција, Самсунг овозможува и дополнителна гаранција од 10 години во случај на ефект на “прегорување“ (“burn-in“ ефект) за сите “QLED“ ТВ модели.


За да може да ја искористат оваа поволност, корисниците треба да го регистрираат купениот уред на веб страната www.samsung5godinigarancija.mkна која може да ја погледнат и листата на уреди опфатени со оваа промоција. За дополнителни информации сите заинтересирани може да се јават во Центарот за грижа за корисници на Самсунг на телефонскиот број: (+389) 23 207 777.


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.