x

Samsung патентираше смартфон кој може да го околу рака!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 20 Март, 2019 од GSM.mk

Смартфоните, таблетите и паметните часовници се сосема различни уреди, но со претставувањето на телефоните на преклопување, изгледа дека наскоро ќе се спојат во едно...

За разлика од Galaxy Fold кој се преклопува хоризонтално, уредот кој Samsung го патентираше ќе се преклопува вертикално. Ваквиот дизајн е возможен благодарение на флексибилниот екран и специјалната технологија на самиот уред. Со ваквиот изглед, корисниците ќе добијат екстремно висок панел, кој може да се користи и како обичен смартфон. Од друга страна, доколку корисникот е во брзање и му е потребен уред во вид на паметен часовник, истото може да го постигне со сместување на телефонот околу својата рака.

Смартфонот за кој станува збор ќе доаѓа и со скенер за отпечатоци под дисплејот, две камери на задната страна и две селфи камери. Истотака, ќе има специјален софтвер кој ќе се адаптира на формата во која се користи.

Бидејќи станува збор за патент во моментов, сеуште не знаеме со сигурност дали Samsung ќе претстави ваков уред. Но, и тоа да се случи, најверојатно ќе биде најрано следната година.

Samsung patents bendable phone that can be worn on your wrist

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.