x

Samsung подготвува батерија која може да се свитка

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Октомври, 2014 од GSM.mk

На саемот InterBattery 2014 во Кореја, Samsung претстави батерија која може да се витка и која би можела да се користи за разни идни гаџети. Корејскиот гигант можеби не е првиот кој претставил ваков концепт, но нивната идеја оди чекор понатаму...

За разлика од она што пред извесен период го претстави LG, Samsung работи на батерија која лесно ќе може да се смести во сите преносни гаџети, без разлика на нивниот изглед. Одделот Samsung SDI разработил концепт на батерии кои е можно комплетно да се превиткаат без тоа да влијае на капацитетот.

Сепак, овие батерии се уште се во фаза на прототип и не се подготвени за масовно производство. Компанијата тврди дека во следните три години, технологијата ќе биде подготвена за примена и ќе се вградува во преносните гаџети.

Развојот на нови типови батерии е меѓу главните приоритети на големите компании, но далеку поважно од нивната флексибилност е зголемувањето на нивниот капацитет, што е уште еден сегмент на кој напорно се работи. 

Извор: Kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.