x

Samsung подготвува гејмерски смартфон

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 18 Мај, 2021 од GSM.mk

Многу произведувачи прават одлични гејмерски смартфони, а сега ќе им се приклучи и Samsung.

LetsGoDigital пишува дека нивниот гејмерски смартфон ќе има опција корисниците сами да го вклучуваат и исклучуваат кулерот и на тој начин да ја контролираат температурата на смартфонот.

Samsung моментално нема мобилни телефони со кулер. Од компанијата изјавија дека нема да изнесат повеќе детали за гејмерскиот смартфон сè до објавување на прототипот.


Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.