x

Samsung претстави нови, поевтини модели на Notebook

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 04 Април, 2018 од GSM.mk

По примерот на Apple од минатата недела, сега и Samsung презентираше нови модели од нивната линија на производство, кои доаѓаат со намалена цена. Се работи за два нови лаптопи, Notebooк 3 и Notebook 5.

Двата модели, Notebook 3 и Notebook 5 претставуваат поевтини верзии на двата лаптопи кои се веќе на пазарот, Notebook 7 Spin и Notebook 9.

Samsung уште ја нема објавено цената на двата уреди, но она што треба да го очекувате е цена пониска од онаа на Notebook 9, кој се продава по цена од 1.199 американски долари (59.940 денари). Notebook 9 беше пуштен во продажба минатиот месец, додека Notebook 7 Spin би требало да излезе подоцна годинава.

Notebook 3 ќе има две големини помеѓу кои можете да бирате, 14-инчна и 15-инчна верзија. Од друга страна, Notebook 5 доаѓа само во големина од 15 инчи. Двата уреди ќе имаат Intel Core i7 процесор, додека Notebook 3 ќе има помалку моќна Nvidia MX110 графичка картичка, споредена со онаа на Notebook 5, кој доаѓа со Nvidia MX150.

Новите уреди, Notebook 3 и Notebook 5 би требало да бидат достапни на пазарот во Јужна Кореја веќе кон крајот на април, додека глобално ќе бидат лансирани во втората половина од 2018 година.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.