x

Samsung: Првиот 5G уред и првиот смартфон со екран на преклопување пристигнуваат на 20 февруари!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 11 Јануари, 2019 од GSM.mk

Без разлика дали Samsung се плаши дека целото внимание ќе биде насочено кон Huawei за време на MWC 2019 настанот, одлуката да ја претстави новата Galaxy S10 серија на посебен датум е паметна идеја..

На 20 февруари, Samsung планира истовремено да ги претстави новите Galaxy S10 модели и во Лондон и во Сан Франциско. Тоа е само 5 дена пред почеток на MWC 2019 настанот, како и пет дена порано од претставувањето на минатогодишниот Galaxy S9. 

Интересно е што покрај Galaxy S10 уредите, кои се очекува да бидат навистина моќни и со уникатни карактеристики, бидејќи ја одбележуваат десетгодишнината од постоењето на серијата, Samsung ќе претстави и "целосно функционален смартфон на преклопување" на истиот датум. 

Веќе некое време слушаме гласини за изгледот и карактеристиките со кои ќе доаѓа ваквиот уред, а за само еден месец официјално ќе го запознаеме. Сега за сега, смартфонот на преклопување на Samsung е познат како Galaxy F. Истовремено, очекуваме три S10 модели - едниот ќе биде буџетската верзија, познат како Galaxy E, другиот ќе биде обичниот модел и третата верзија се зборува дека ќе поддржува 5G технологија. Возбудени? :)

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.