x

Samsung работи на моќен буџетски телефон поевтин од Galaxy S10e!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 17 Март, 2019 од GSM.mk

Со Galaxy Note 10, Samsung ќе има 6 уреди кои ќе работат на Snapdragon 855. Но, според новите информации, јужнокорејската компанија работи на уште неколку нови смартфони, кои не се толку скапи..

Иако точниот број на нови уреди не беше споделен, се зборува дека Samsung работи на нов буџетски смартфон кој ќе биде претставен до крајот на годината. Овој уред ќе доаѓа со пониска цена од Galaxy S10e, и покрај тоа што ќе работи на истиот Snapdragon процесор.

За жал, компанијата нема споделено подетални информации за своите планови, како и за спецификациите на моделите. Како и да е, знаеме дека телефон кој ќе се наоѓа веднаш под S серијата всушност ќе биде Galaxy A90.

Интересно е што A90 ќе доаѓа само со една камера. Причината позади ваквата одлука е уникатната камера на лизгање која ќе може да се ротира и истовремено да се користи и како главна и како селфи камера. За да ја задржи пониската цена, на предната страна ќе се наоѓа LCD, наместо AMOLED панел. Истотака, ќе има помалку RAM и ROM меморија. Последно, ќе има пластична конструкција на задната страна.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.