Samsung следната недела ќе ги претстави новите 8K Neo QLED телевизори
Категорија: Технологија // Новости Објавено на 22 Март, 2022 од GSM.mk
.jpg)
Samsung го претстави својот прв 8K QLED телевизор уште во 2018 година и оттогаш ја усовршува технологијата. Телевизори од најновата генерација Neo QLED 8K ќе бидат прикажани во пренос во живо на 30 март.
Новите модели „ќе ја редефинираат улогата на екранот и ќе донесат незаменлива употребливост во секојдневниот живот на нивните корисници со обезбедување најголема удобност и беспрекорна поврзаност“. Што значи тоа, ќе дознаеме во среда следната недела.
Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.