x

Samsung со лажни фотографии ги промовира камерите на Galaxy A8 (2018)!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 19 Август, 2018 од GSM.mk

По Huawei, и Samsung наиде на сличен скандал при промовирање на способностите на камерите на новиот A8 (2018)..

Во 2016 година, Huawei сподели слики на својот Google+ профил, и иако не потенцираше дека се направени со Huawei P9, се спомнуваше дека за нив е заслужен дуалниот систем камери на уредот. Но, потоа се откри дека за сликите е всушност заслужен Canon EOS 5D Mark III, фотоапарат со цена од 2,600 долари, и леќа од 1,900 долари. 

Нешто слично се случи и со Samsung Brazil. На твитер, компанијата сподели селфи во чиј опис пишуваше дека е направено со Samsung Galaxy A8 (2018). Но, на крај испадна дека селфи е направено во 2015 година, со оригинален опис кој гласи "Portrait of a beautiful hipster couple looking happy." - "Портрет на прекрасен пар кој изгледа среќно".

Интересно е што сличен проблем се случи и со други фотографија споделена од Samsung Brazil, која наводно повторно била превземена од Getty Images. Двете фотографии ја чинеа компанијата по 499 долари. 

Твитер корисникот @feliperas бил заслужен за разоткривањето, а одговорот на компанијата, преведен гласи: "Упс, во право си Фелиперас. Описот на претходната фотографија не беше целосно точен. Голем дел од споделените фотографии се направени со користење на нашите уреди, но некои, како сликата погоре, го изразуваат однесувањето и расположението на нашата публика." 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.