x

Samsung создаде 5 пати побрза Wi-Fi мрежа!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 21 Октомври, 2014 од GSM.mk

Нова технологија на Samsung ја зголемува петкратно брзината на пренос на податоци преку безжичниот стандард за Wi-Fi во паметните телефони, таблетите и рутерите.

Развојот поддржува брзина до 4,6 гигабити во секунда (Gbps), во споредба со максималните 866 мегабити во секунда (Mbps) во современите потрошувачки уреди. При толку висока брзина корисниците ќе симнуваат филм со големина од 1GB за помалку од 3 секунди, а стриминг на ХД содржини без компресија помеѓу уредите ќе се врши практично без одлагање.

Технологијата соодветствува со спецификацијата „IEEE 802.11ad“ и користи фреквенциски опсег 60GHz, за разлика од современите Wi-Fi мрежи кои работат во опсег 2,4GHz и 5GHz. Повисоката фреквенција овозможува да се избегне интерференциите на каналите за врска без оглед на тоа колку уреди ја користат истата мрежа, тврди Samsung.

Недостатокот на пречки претпоставува доближувањето до врвните вредности на брзината. Благодарение на тоа, максималната брзина може да се покаже за 10 пати повисока отколку кај сегашните Wi-Fi мрежи, кои се подложни на пречки.

Извор: Think.mk

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.