x

Samsung сподели ново Galaxy F видео: Еве што не очекува!

Категорија: Технологија // Новости Објавено на 12 Февруари, 2019 од GSM.mk

Samsung сподели ново видео на твитер, промоворијаќи го својот настан кој ќе се одржи на 20 феврури, посветувајќи особено внимание на еден од долгоочекуваните уреди - Galaxy F.

Во краткото видео, Samsung користи интересна "игра на зборови", најавувајќи дека на 20 февруари иднината на смартфоните ќе се "отвори". Како што можете да претпоставите, ова потврдува дека конечно ќе се запознаеме со долгоочекуваниот уред на преклопување на компанијата - сега за сега познат како Galaxy F. Како мало потсетување, уредот беше на кратко најавен и покажан во ноември, минатата година, но целосниот дизајн остана непознат.


За среќа, за само неколку дена конечно ќе видиме како изгледа и како функционира уникатниот смартфон на преклопување - Galaxy F, Galaxy Flex или Galaxy Fold.

Покрај него, на настанот ќе бидат претставени и новите уреди во S10 серијата на Samsung - Galaxy S10, S10 Plus, S10E и четвртата верзија со 5G технологија.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.