x

Samsung тајно ги потврди Galaxy Bloom и S20 имињата!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Јануари, 2020 од GSM.mk

Samsung официјално ги потврди имињата на новите уреди кои ќе бидат претставени во февруари...

Официјално, Galaxy Bloom ќе биде името на новиот уред на преклопување кој ќе биде следбеник на Galaxy Fold. Со неговиот компактен дизајн, компанијата потврди дека овој смартфон е особено наменет за женската популација во 20-тите години. 

Galaxy Bloom (left), Lancôme compact powder foundation (right) - Samsung secretly 'confirms' foldable Galaxy Bloom and Galaxy S20 names

Заедно со него, Samsung потврди и дека следбениците на S10 ќе бидат познати под S20 името. Поточно, станува збор за три модели - S20, S20+ и S20 Ultra. Овие уреди ќе имаат големи екрани, три или четири камери на задниот дел и моќен процесор во внатрешноста. Екраните ќе бидат од 6.2, 6.7 и 6.9 инчи. Истотака, главната камера на задниот дел ќе биде од 108 мегапиксели. 

Galaxy Bloom ќе доаѓа со Snapdragon 855 во внатрешноста и ќе има цена од околу 850 долари. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.