x

Samsung: Во Јужна Кореја се продава само Note 10 Plus со 5G!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 20 Август, 2019 од GSM.mk

Додека во Америка и другите делови од светот 5G конекцијата е ретка и тешка да се најде, во Јужна Кореја е дефинитивно приоритет..

Verizon беше првата компанија која успешно претстави 5G технологија на уред, само неколку дена пред тоа да го направат трите најпопуларни компании во Јужна Кореја. Како и да е, оваа технологија дефинитивно станува стандард и во 2020 година најверојатно 90% од смартфоните ќе работат на неа.

Додека на другите земји им е малку потешко да ја имплементираат оваа технологија, во Јужна Кореја процесот е толку напреден што Samsung наиде на критики, бидејќи нема доволно 4G Note 10+ модели кои ќе ја задоволат побарувачката на влада. 

Владата побара од Samsung да претстави повеќе 4G уреди, а компанијата нема подготвено доволно вакви верзии на домашен терен и највероатно ќе има проблем во нивно производство. Ќе бидат потребни најмалку три месеци за да ја задоволи побарувачката на владата.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.