x

Samsung во проблеми: Произвел вишок од 50 милиони телефони, нема кој да ги купи

Категорија: Новости // Бизнис Објавено на 30 Јуни, 2022 од GSM.mk

Слабата побарувачка предизвика складирање залихи и намалено производство на нови уреди на Samsung.

Пандемијата, војната во Украина, недостигот на чипови, инфлацијата и финансиската несигурност сериозно го потресоа пазарот на паметни телефони во светот.

Првиот квартал од 2022 година беше најлошиот прв квартал во последните 9 години, а сите производители освен Realme доживеаја пад во продажбата на нови паметни телефони. Xiaomi е најголемиот губитник досега, бидејќи забележа пад од 36%, додека продажбата на уредите Samsung и Apple падна за 16% и 6%, соодветно.

Според информациите до кои дојде јужнокорејски The Elec, на компанијата Samsung годинава „не ѝ цветаат рози“. Според нивните извори, компанијата има околу 50 милиони уреди на залиха, како резултат на лошата продажба, а огромното мнозинство од тие уреди се телефони од средната класа на Galaxy A.

Според претходните извештаи кои доаѓаат од Јужна Кореја, Samsung е принуден да го намали производството на нови уреди за 35%, бидејќи според новите планови, планира да испорача околу 280 милиони паметни телефони оваа година - 30 милиони помалку од претходните прогнози.

Компанијата произведуваше околу 20 милиони уреди месечно во јануари и февруари, но тие бројки се намалија на „само“ 10 милиони телефони во мај, како одговор на прекумерната понуда и слабата побарувачка. Покрај намаленото производство, нарачките за компонентите на Samsung од неговите добавувачи паднаа меѓу 30% и 70% од април до мај.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.