x

Сателитската SOS функција на iPhone 14 достапна и во Европа

Категорија: Софтвер // iOS Објавено на 14 Декември, 2022 од GSM.mk

Сателитската SOS функција наменета за iPhone 14 е достапна и за корисниците во Европа, односно во одредени европски земји.

Како што е веќе познато, функцијата сателитски SOS се користи за контактирање на службите за итни случаи во случаи кога корисникот нема стандардна мрежа или Wi-Fi сигнал. Функцијата првично беше пуштена во употреба за корисниците на iPhone 14 во САД и Канада, а сега е достапна и за оние во Европа, вклучувајќи ги Франција, Германија, Ирска и Велика Британија.

Функцијата е дизајнирана да им помогне на корисниците на iPhone во итни ситуации, дозволувајќи им да испраќаат пораки до службите за итни случаи доколку немаат стандардни методи за контакт. По неуспешниот обид за контакт со конвенционални средства, iPhone 14 ја обезбедува опцијата Report Emergency, а потоа прикажува прашалник наменет за собирање информации за ситуацијата на корисникот. Одговорите и локацијата на корисникот, како и надморската висина, состојбата на батеријата на мобилниот телефон и медицинската евиденција, доколку е достапна, се испраќаат до службите за итни случаи. Исто така, постои опција за известување на избраните контакти.

Функцијата SOS е веќе тестирана од многумина, а веќе му спасила живот на еден човек на Алјаска.

Apple вели дека функцијата ќе биде достапна во уште повеќе земји следната година. Со купувањето на iPhone 14 услугата ќе биде бесплатна во период од две години, но не е јасно колку ќе чини по тој бесплатен период.

Оние кои сакаат да ја тестираат функцијата SOS имаат достапен режим за демонстрација.



Извор: Кајгана.мк


Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.