x

Saygus V2: Супер-херојот кај мобилните телефони!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 12 Ноември, 2014 од GSM.mk

Saygus е американска компанија која не е многу позната, но тоа би можело да се промени со телефонот V2 (односно V-squared). Според компанијата, ова е „супер-херојски“ паметен телефон со посебни способности...

Новиот уред е дизајниран со премиум материјали и моќни компоненти, а има можност да работи на два оперативни системи - Android 4.4.4 и Windows Phone 8.1. Телефонот има неколку интересни функции, како на пример биометрички скенер на отпечатоци на десната страна, Harman Kardon звучници со 3D Movie Audio и простор за две MicroSD картички до 256GB простор за складирање.

Внатрешниот простор за складирање на податоци е импресивни 64GB, а добивате и Wireless HD (безжичниот еквивалент на HDMI). Задната камера е со резолуција од 21 мегапиксел, предната камера е со резолуција од 13 мегапиксели и изненадувачки е што и двете камери поседуваат оптичка стабилизација на сликата.

Saygus V2 доаѓа со 5 инчен FullHD екран и според компанијата, е „целосно“ водоотпорен...иако сеуште не знаеме што тоа точно значи. Во внатрешноста се наоѓа quad-core Snapdragon 801 роцесор кој работи на 2,5GHz, 3GB RAM и батерија од 3,100 милиампер часови.

Очекувајте телефонот да се најде во продажба до крајот на годината.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.