x

Се работи на новата игра Tomb Raider

Категорија: Рецензии // Игри Објавено на 06 Април, 2022 од GSM.mk

Новите авантури на Лара Крофт доаѓаат наскоро.

Crystal Dynamics потврди дека започнале со работа на нова игра Tomb Raider, 13-та по ред во оваа франшиза.

Новата Tomb Raider доаѓа и со нов engine, бидејќи Crystal Dynamics ќе користи Unreal Engine 5, кој неодамна го објави Epic Games.

Од компанијата наведуваат дека ќе им донесе сосема ново искуство на играчите и досега невиден гејмплеј, како и ново ниво кога е во прашање раскажувањето приказни, односно приказната што ја придружува играта.

Досега, Crystal Dyanmics го користеше својот Foundation Engine.

Засега нема датум кога би можеле да ја очекуваме играта, бидејќи само што почнаа да ја прават.



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.