x

Сe што треба да знаете за новиот Sony PS5

Категорија: Технологија // Хардвер Објавено на 19 Ноември, 2020 од GSM.mk

Од Sony неодамна ги објавија деталите и цената за новиот PlayStation од последната генерација кој ќе чини 499 евра, а верзијата наречена Digital Edition ќе чини 399 евра.

Од Sony најавија нови цени за видеоигрите за конзолата  PS5 – ќе чинат 70 долари. Ова се однесува на сите AAA ексклузиви на коишто работат во студиото на Sony, a засега е потврдено дека треба да издвоите 70 долари за „Demon’s Souls Remake“, „Destruction All Stars“ и „Marvel’s Spider-Man: Miles Morales“.

Во пакет со PS5 доаѓаат и елегантно дизајнирани џојстици, држачи за џојстици, слушалки, далечински управувач, полнач и безжичен хедсет.

Погледнете го видеото за подетални информации.


Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.