x

Се што треба да знаете за Xiaomi Mi 11 Ultra

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 30 Април, 2021 од GSM.mk

Кинеската компанија Xiaomi во март го претстави својот најмоќен смартфон Mi 11 Ultra.

Уредот пристигна со нов дизајн на модулот за камери во кој се наоѓа и вториот помал екран, а по тоа се разликува од основните модели Mi 11 и Mi 11 Pro.

Системот на камери е составен од сензор за длабочина од 50 МP и од ултраширока и перископска фото камера од 48 MP. Камерите имаат 5Х оптички зум и дигитален зум од 120Х.

Главниот AMOLED екран има екран од 6,81 инч со QHD+ резолуција и фреквенција на освежување од 120 Hz и Gorilla Glass Victus заштитно стакло.

Селфи камерата има 20 MP.

Уредот има Qualcomm Snapdragon 888 процесор, а има 8 GB RAM и 256 GB меморија и батерија од 5.000 мАh.

Погледнете ја рецензијата за повеќе информации:



Извор: Кајгана.мк

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.