x

Се што знаеме за iPhone 9!

Категорија: Новости // Телефони Објавено на 26 Јануари, 2020 од GSM.mk

iPhone 9 е следбеникот на iPhone SE кој ќе биде претставен оваа година. Што очекуваме од него?

Најпрво, како што кажува самото име, iPhone 9 ќе има дизајн сличен на iPhone 8. Тоа значи дека Apple ќе се врати на постариот изглед со помал дисплеј и подебели рамки околу него. Истотака, ќе има физичко Home копче под кое ќе се наоѓа скенерот за отпечатоци. Неговите целосни димензии ќе бидат од 138.4 x 67.3 x 7.3 mm. Дисплејот ќе биде помеѓу 4.7 и 5.4 инчи. Тоа значи дека во споредба со iPhone SE ќе биде малку поголем, а речиси ист со iPhone 8.


How the original iPhone SE will stack next to the iPhone 9 (based on current information we have about the upcoming phone) - Apple iPhone 9 price, release date, and leaked specs preview
За фановите на ваквиот покомпактен дизајн добрите вести се што внатрешните карактеристики нема да разочаруваат. И покрај тоа што има "поскромен" дизајн, ќе работи на A13 Bionic - истиот процесор со iPhone 11 серијата. Процесорот ќе биде придружен од 4GB RAM. Истотака, на задниот дел ќе има само една камера, која физички изгледа поголема од онаа на iPhone 8 и најверојатно ќе има и поголема резолуција, како и нови функции. 

Apple-iPhone-9-leak-2.jpg

Додека новата iPhone 12 серија ќе биде претставена во септември, претставувањето на iPhone 9 ќе биде многу порано - во март. Цената ќе биде меѓу 450 и 500 евра. 

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.