x

Седмата генерација Apple iPad доаѓа со три стари и неколку нови функции!

Категорија: Новости // Таблети Објавено на 16 Март, 2019 од GSM.mk

На 25 март Apple ќе претстави неколку нови производи, меѓу кои и нов iPad модел. Еве се што знаеме за нив:

Според гласините, iPad mini 5 ќе биде речиси истиот уред со iPad mini 4 кој беше претставен во 2015 година, со единствена разлика во внатрешноста со новиот процесор. Стариот модел доаѓаше со A8, кој се наоѓа во iPhone 6 и 6 Plus.

Големото прашање околу седмата генерација iPad таблети е околу нивните спецификации. Според некои, екранот ќе биде зголемен и ќе биде 10 инчен, додека други сметаат дека ќе остане ист како и кај претходните генерации, со 9.7 инчи.

Фановите се надеваа дека можеби новиот iPad ќе ја замени Touch ID функцијата со поновата Face ID опција, но и новиот уред повторно ќе доаѓа со Touch ID скенер за отпечатоци. Тоа значи дека уредот ќе го има и истото Home копче, како и отвор за слушалки. 

Се на се, изгледа дека покрај потенцијалниот поголем дисплеј, новите таблети на Apple ќе бидат релативно исти со претходните модели. Според дел од аналитичарите, продажбата на таблети ќе се намалува за 2.3% годишно до 2023 година.

Наместо нови таблети, од следната година Apple најверојатно ќе се придружи на новиот тренд и ќе започне со производство на уреди на преклопување.

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.